Македонија

Врнежливо време до крајот на неделава

Врнежливо време до крајот на неделава

Македонија денеска е под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која претпладнево условува претежно облачно време со слаб локален дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират насекаде, локално ќе се интензивираат и ќе бидат проследени со ретки грмежи.

Пообилни врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кога на места ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен, особено во јужните и источните делови.

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и умерен југоисточен ветер. В петок ќе биде променливо со слаб локален дожд.

Нов влажен бран со обилни врнежи од дожд ќе има в сабота кога локално се очекуваат околу 50 литри на метар квадратен воден талог, особено во западните и северните делови од земјава.