Врнежливо време со температура до 17 степени

Времето во Македонија претпладне облачно со врнежи од дожд, особено во северните и западните делови.

На највисоките планински врвови во северозападните делови ќе има и врнежи од снег. Локално вкупната количина на наврнат воден талог ќе биде над 20 л/м2. Попладне облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, попладне претежно облачно и суво. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната до 14 степени

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен југоисточен ветер, а локални врнежи од дожд повтроно се очекуваат во петок и во сабота. Од недела ќе преовладува стабилно и релативно топло време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.