Вртоглав пад на британската фунта

фунта

Британската фунта претпре вртоглав пад при мистериозни околности, вчера, причинувајќи хаос на берзанските пазари, објавува „Скај Њус“, пренесува Нетпрес.

Валутата на Велика Британија достигна вредност од 1,26 американски долари, но само за неколку минути падна до 1,14 долари на пазарите во Азија, намалувајќи ја вредноста за дури 9 отсто.

Сеуште нема јасно објаснување зошто тоа се случило. Според една од теориите, наведена во угледниот „Фајненшел Тајмс“, причината е настојувањето на францускиот претседател, Франсоа Оланд, за поцврста позиција во однос на Брегзит.

Ангус Николсон, берзански аналитичар, вели: „изгледа дека причината за тој вртоглав пад на вредноста е алгоритам“.

Тој дополнил дека „ниските обрти во азиските сесии, ги натерале другите алгоритми да вклучат и да го зголемат намалувањето на вредноста на фунтата“.

Друго можно објаснување за ова случување, според „Скај Њус“, е т.н. трговија на „дебел прст“, односно човечка грешка.

Подоцна вчера на берзите, британската валута сепак успеа минимално да врати дел од својата вредност и да се искачи до 1,26 долара за една фунта.

Унаку врендоста на фунтата се намали и во Македонија. Според курсот на Народната банка на Македонија, една фунта сега чини 69 денари, а пред само еден месец чинеше 75 денари.