Вртоглав пад на вредноста на биткоинот, од 21.000 долари се урна на 15.800

Вредноста на биткоин вчера паднала на 15.800 американски долари, откако само неколку денови претходно криптовалутата доживеа рекордна вредност од 21.000 долари.

Засега нема објаснување за ваквиот пад на вредноста на биткоинот.

Светските монетарни експертите велат дека е обична предрасуда дека станува збор за финансиски балон со пирамидална шема. Тие охрабруваат дека вложување во биткоинот, како светски најпозната криптовалута, до сега се покажало како исклучително исплатлива инвестиција, но оти сепак луѓето треба да бидат многу внимателни. Тие сметаат дека луѓето треба да вложуваат онолку пари, колку што се спремни да загубат, а не да продаваат станови и друг имот и да влетуваат во инвестиции хазардерски.

Мала група на луѓе поседува над 90 отсто од биткоините?!

Неодамнешни истражувања покажале дека повеќе од 90 отсто од биткоините ги поседува мала група на луѓе. Претпоставките се дека ако таа мала група се договори да ја урне цената, тогаш тоа многу лесно ќе го стори. Се наведува и примерот од почетокот на годинава, кога вредноста на биткоинот се искачи на повеќе од 4.000 долари. Кусо време потоа биле пуштени во продажба околу 20.000 биткоини. Тој потег веднаш ја урнисал вредноста на криптовалутата на 1.900 долари.

Вртоглав раст, па вртоглав пад

Биткоинот, во изминативе три недели, двојно ја зголемил својата вредност, а дури 20 пати отколку пред една година.

Во ноември, криптовалутата достигна вредност од 10.000 долари, а до пред само неколку денови – 21.000 долари. Вчера, пак, дожиева пад на 15.800 долари.