Вртоглав пад во градежниот сектор

Најголемите македонски градежни компании бележат големо намалување на обемот на работа, а со тоа и на заработените пари, во периодот од јануари до септември, годинава, покажуваат податоците кои тие ги објавиле преку Македонската берза.

Градежната фирма АД „Бетон“, остварила добивка од 11,2 милиони денари, што претставува намалување на дури 81 отсто, споредено со периодот јануари-септември минатата година, кога компанијата остварила повеќе од 59 милиони денари.

„Бетон“, годинава, до месец септември остварил вкупен приход во износ од од 1,33 милијарди денари, што претставува 19 отсто помалку од лани. Вкупните расходи, пак, на оваа фирма изнесуваат 1,36 милијарди денари, што е за 14 отсто помалку отколку во минатата година.

АД „Гранит“ АД Скопје, во истиот период, имал добивка во износ од 181 милиони денари. Лани, пак, од јануари до спетември, оваа фирма имала добивка од 187 милиони денари, што е за околу 3 отсто повеќе отколку годинава.

„Гранит“, годинава имала приход од 3,35 милјарди денари, односно за околу 9 отсто повеќе од минатат година, но зголемување од 9 отсто оваа фирма има кај оперативните расходи. Тие изнесуваат околу 3,17 милијарди денари.

„Бетон-Штип“ од јануари до септември бележи загуби во висина од  63,6 милиони денари. Минатата година во овој период „Бетон Штип“ регистрирал добивка од окколу 23 милиони денари. Исто така, оваа градежна фирма, годинава  остварила приход од 304 милиони денари, што е 47 отсто помалку отколку, лани кога имала приходи во висина од 575 милиони денари. Намалување има и во расходите на „Бетон Штип“ и тоа за 38 отсто. Годинешниве расходи на оваа компанија изнесуваат 336,8 милиони денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.