Македонија

Врвен приоритет на грчката тајна служба се националните интерси

Врвен приоритет на грчката тајна служба се националните интерси

Чии интереси штити Зоран Заев со материјали обезбедени од странска разузнавачка служба? Ако се земе предвид дека секоја странска тајна служба има за цел заштита на националните интереси на својата земја, јасно е дека опозицискиот лидер соработувајќи со странците, во ниеден случај не ги штити македонските национални интереси.

Како што јаува дописникот на Нетпрес од Атина, една од главните функции на Грчката разузнавачка служба која што е особено унапредена во последната декада, по примерот на Германската и Американската, е можноста за изведување масовни операции како во земјата, така и во странство. Системот со кој што тие располагаат има можност истовремено да следи околу 6000 телефонски и над 2000 интернет линии. Преку овој систем службите може да го следат секој вид на комуникација како говорни повици, СМС, ММС, електорнски пошти и факсови. Системот овозможува и прецизно лоцирање на корисникот на мобилниот телефон или компјутерот преку  ИП адресата.

Поради специфичните национални интереси. грчките служби се особено активни во Европа и средниот Исток.

Грчките разузнавачки служби имаат неколку клучни одговорности како борба со криминал, трговија со луѓе и дрога итн. но прв и најважен приоритет им е собирање, анализа и дистрибуција на податоци кои што се однесуваат на грчките национални интереси и националната безбедност.

А токму за ставката национални интереси, грчката Влада и грчкото Минитерство за надворешни работи имаат на располагање стотици милиони евра тајни фондови. Овие фондови речиси секоја година ја надминуваат предвидената сума, па се трошат и десетици милиони повеќе од предвиденото, а дипломатските кругови коментираат дека нивната висина не е оправдана бидејќи не се случила некоја голема разврска на важните национални прашања.

На македонската јавност и е позната аферата од времето кога Антонис Самарас како шеф на дипломатијата, со 130 милиони евра потплаќал не само грчки, но и македонски политичари, медиуми и новинари за ширење грчка пропаганда во Македонија.

Затоа и не изненадува тоа што и овој пат јавното мислење во Грција е на иста линија со ставовите на СДСМ и про-опозициските медиуми. Обете страни се едногласни во обидот за маргинализирање на случајот Пуч и одбрана на Заев преку напади насочени кон премиерот Никола Груевски и Владата. Слична синхронизација имаше и во рамките на претходната шпионска афера со назив Шпион, кога и јужниот сосед и македонската опозиција и нивните медиуми тврдеа дека станувало збор за фабрикувана афера.