Врвни италијански кардио хирурзи во посета на земјава

Делегација на меѓународно признати врвни експерти во кардио хирургија од Италија, составена од проф. др. Алберто Росини од Универзитет Брејша, др. Романо Серџини и др. Педро Силва од Болницата Милано Фетабенефратели, деновиве се во посета на Македонија.

Во организација на министерот за странски инвестиции Џери Наумоф посетија кардиолошки клиники во Скопје и се сретнаа со нивни колеги во Македонија. Во Клиничката болница Аџибадем Систина, на средбата со шефот на кардио хирургијата, проф. др. Салис Таџер и неговиот тим, беа запознаени за високите достигнувања на кардиохирурзите во Македонија и беа разменети искуства на моредната кардио хирургија и неколку полиња за можна соработка.

„Заедничката цел е да се продолжи трендот на усовршување во кардиологијата во Македонија, за да се зголеми високиот углед на македонската кардио хирургија во овој дел на Европа, како и промоција на медицинскиот туризам“, изјави нивниот правен представник Иван Бехаре.