Врвни приоритети за следниот мандат: Нови работни места, ниски даноци, подобра бизнис клима

Отворањето на нови работни места, нови фабрики, подобра бизнис клима и ниски даноци, се врвните приоритети на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следниот мандат, истакна вечерва премиерот Никола Груевски, на гостувањето во емисијата „Јади бурек“.

Првично, како што рече тој, програмата била двојно поголема, но потоа биле потребни осум до девет години за нивна реализација, па се пристапило кон приоритизација на најважните проекти.

„Се работи за највкалитетна до сега изработена програма. Се тркаме самите со себе, СДСМ нема програма, се тркаме со огледало. Се споредуваме со програмите на големите партии од другите земји во регионот“, рече Груевски.

Тој нагласи дека приоритет се економските проекти, кои што предвидуваат подобри услови за работа на компаниите, бидејќи тоа значи отворање на нови работни места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.