Врвот за Работнички, нервозата за Пелистер

Благодарение на заслужениот триумф од 2:0, остварен на незгодното гостување во Кичево, по пауза од неколку пренствени кола, фудбалерите на Работнички повторно се искачија на лидерската позиција во македонската Прва лига.

Најинтересниот неделен натпревар од 26. коло, дуелот во Тетово помеѓу екипите на Ренова и Пелистер заврши со минимален и среќен триумф на домаќинот од 2:1.

Освен по погодоците, овој натпревар ќе биде запаметен и по спорната ситуација која се случи во самиот финиш од натпреварот.

Фудбалерот на Пелистер, Димитар Воденичаров испрати вистински проектил кој од дирекот заврши на гол линијата, но судиската тројка донесе одлука дека топката не ја поминала гол линијата и дека нема нов израмнувачки погодок за гостинот од Битола.

Резултати: Ренова – Пелистер 2:1, Металург – Еуромилк 1:0, Напредок – Работнички 0:2, Македонија ЃП – Хоризонт Т. 1:2.

ТАБЕЛА: Работнички 47 бода, Пелистер 47, Вардар 45, Хоризонт Турново 44, Металург 44, Ренова 36, Шкендија 36, Брегалница 36, Еуромилк ГЛ 32, Македонија ЃП 23, Напредок 14, Гостивар 14.