Втор „бугарски воз” во фалсификатот на СДСМ, гласачки ливчиња од Велес најдени во Струмица

Информациите за случен тежок фалсификат се зголемуваат од час во час со огромен интензитет. Станува јасно дека на 15-ти октомври на Македонија и се случи изборен грабеж.

По доказите за фалсификат со таканаречен “бугарски воз’ со кој што гласачки ливчиња од Карпош се пронајдени во избирачките места во Охрид, се појавува втор случај на фалсификат со “бугарски воз“ при што гласачки ливчиња од Велес се пронајдени во избирачкото места 1718 во Струмица,

Произлегува дека гласачкото ливче од Велес кое е претходно украдено и изнесено, е транспортирано во Струмица, каде што ливчето од Велес се внесува во гласачките кутии на избирачкото место во Струмица, а лицето кое гласа го зема гласачкото ливче од Велес и го изнесува од гласачкото место. Потоа на тоа ливче се заокружува кандидатот на СДСМ и се предава на друго лице кое треба да гласа и кога тоа лице оди да гласа го остава во кутијата ливчето кое му е дадено и е веќе заокружено, а ливчето кое го добива од страна на избирачкиот одбор го изнесува надвор и така овој циклус продолжуав и понатаму при што се опфаќаат десетици, стотици или илјадници гласачи кои се принудени со уцени, закани, поткуп и други недемократски методи да внесуваат во кутија претходно заокружено ливче со кандидатот на СДСМ.

Веќе е јасно дека на овој начин е направен тежок фалсификат на изборите и во Велес и во Струмица.

Претходно информиравме дека ист ваков случај со фалсификат со таканаречен бугарски воз е забележан и во Карпош и во Охрид, при што гласачки ливчиња од Карпош се најдени во Охрид. Се работи за тежок фалсификат во 4 големи градови во државата. Во вакви ситуации и при вакви докази изборните органи треба да ги поништат изборите и во Велес и во Струмица и во Карпош и во Охрид.