Втор ден Велигден

Православните верници денеска го слават вториот ден од Христовото Воскресение.  По тој повод Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ – Центар.

Воскресението Христово беше објавено завчера на полноќ во сите храмови на Македонската православна црква.

Велигден е спој на верата и традицијата, а почнува на Велики четврток пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници, за што сведочи Светото предание.