Втор круг локални избори во Франција

Во Франција изутринава почна вториот круг од локалните избори на кои 43 милиони Французи со право на глас ќе ги изберат своите претставници за 101 департмент, пренесува МИА.

Десничарските француски партии на чело со партијата на поранешниот претседател Никола Сакрози освоија тесна победа врз крајната десница во првиот круг од локалните избори, кои се сметаат за клучни во пресрет на претседателските избори во 2017 година, додека владејачката левица е елиминирана од вториот круг во една четвртина од кантоните.

Конзервативната алијанса, во чиј состав е опозициската Унија за народно движење (УМП) на Саркози, освои 32,5 отсто од гласовите, пред крајниот десничарски Национален фронт (ФН) на Марин ле Пен, кој освои 25,35 отсто, додека владејачката Социјалистичка патија на чело со претседателот Оланд доби нешто над 21 отсто.

Во состав на алијасната на партиите на десницата и центарот, освен УМП се и Унијата на демократите и независните (УДИ) и МоДем.