Втор круг од претседателските изборив во Словенија

Во Словенија во недела се одржува вториот круг од претседателските избори, шестите од осамостојувањето на државата и малку повеќе од 1,7 милиони гласачи ќе решаваат дали ќе му гп дадат другиот мандат на сегашниот претседател Борут Пахор или ќе го изберат неговиот конкурент 15 години помладиот градоначалник на Камник, Марјан Шарец.

Над 2.500 избирачки места се отворени од 7 до 19 часот, а официјалните непотполни резултатие се очекуваат во доцните вечерни часови.

Според повеќето анкети спроведени последните денови, Пахор може да очекува меѓу 55 и 60 отсто од гласовите, а нешто потесен резултат најави анкетата која за РТВ Словенија последните три дена ја спроведен агенцијата Mediana, на примерок од 700 испитаници. Поддршката за Пахор според оваа проекција се движи меѓу 49,8 и ,2 отсто, а за Шарец меѓу 42,8 и 50,2 отсто.

Според оваа анкетата, се смета дека одѕивот на гласачите ќе биде помал отколку на првиот круг и ќе изнесува меѓу 38 и 44 отсто.

Доколку го добие мнозинството од гласовите, Пахор ќе стане вториот словенечки претседател кој успеал да добие втор мандат. Првиот словенечки претседател на должноста беше од 2002 до 2012 година, но и во двата случаи убедливо победи уште во првиот круг од изборите.