Втор круг разговори на Контакт групата за Украина

Контакт групата за Украина денеска ќе одржи втор круг преговори во Минск.

Првиот круг разговори се одржа на 24 декември. Средбата траеше речиси пет часа.

На разговорите присуствуваше специјалниот претставник на Организацијата за безбедност и соработка во Еврпа (ОБСЕ) Хеиди Таглиавини, поранешниот украински претседател Леонид Кучма, амбасадорот на Русија во Киев Михаил Зурабов, претставникот на самопрогласената Доњецка народна република Денис Пушилин и претставникот на самопрогласената Луганска народна република Владислав Деинго, пренесува ТАСС.

Тема на разговорот се мерките за обезбедување стабилен прекин на огнот во Источна Украина, каде според податоците на ОН во судири меѓу украинската армија и проруски сепаратисти од април годинава животот го загубиле 4.700 лица.

Состанокот на Контакт групата за Украна го сочинуваат претставници на Украина, Русија и ОБСЕ. Првично беше предвидено тој да се одржи меѓу 9 и 12 декември, но е одложен на украинска иницијатива.