9.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Втор напад врз судијата Панчевски во еден месец

Судијата Владимир Панчевски, поранешен претседател на кривичниот суд во Скопје, е честа мета на  напади кои очигледно се нечија нарачка. КУРИР дознава  дека Панчевски бил нападнат и минатиот месец , но МВР го прикрило инцидентот од јавноста. Скандалот да биде поголем бил нападнат од полицаец кој важи за близок на владеачката коалиција.

Имено на 19 минатиот месец во ПС Центар Владимир Панчевски поднсе кривична приава против полицискиот службеник, кој претходниот ден ангажиран  на  акција пред полициската станица во Центар. Кога поминал Панчевски пред полициската станица, полицискиот службеник без  повод и причина во еден момент почнал да упатува пцовки и навреди кон него и кон неговото семејство и почнал да се заканува по што тргнал кон него. Другите полициски службеници го спречиле во намерата,а Панчевски продолжил без да влезе во вербален дуел со службеникот.

Во текот на вчерашниот ден Панчевски беше предмет на напад во судница.

-Додека бев во судница, влезе Горан Стаменковски, вработен како раководител во Кривичниот суд, и почна да ми се заканува. Извикуваше дека ќе сум видел што ќе ме снашло, а почна да изговара и вулгарности, споменувајќи ја во тој контекст мојата сопруга, изјавил Панчевски за Фокус.

Тој рекол дека сведок на нападот врз него била и записничарката во судот. Панчевски веднаш повикал полиција, но од таму му било речено дека треба  да поднесе кривична пријава, затоа што така решиле во консултација со јавниот обвинител.

Полицијата и истражителите на СЈО му го крадеа  клучот на Панчевски од неговиот дом

Панчевски на удар на полицијата на СДСМ беше уште минатата година кога еден од полицајците кои дојдоа во неговиот заедно со истражителите на СЈО се обидоа да му го украдат клучот од неговиот дом. За среќа на Панчевски кражбата беше фатена на камерите во неговиот дом. Од видео материјалот јасно се гледа  како еден од службениците го зема клучот и го става  во својот џеб. Јавноста беше фрапирана од ова однесување на полицијата, но од МВР, ниту пак од СЈО немаше никаква реакција.

На снимката јасно се гледа како едно од службените лица ја злоупотребува службената положба и го краде клучот од мојот дом. Не станува сбор за случајност“,  изјави Панчевски тогаш за медиумите и запраша , дали за ова службеникот добил наредба од Катица Јанева или од претпоставените во МВР.

Панчевски запраша што планираат со клучот и дали може да очекува нови упади во неговиот дом. Судијата беше загрижен за својата и безбедноста на своето семејство. Самиот претрес според  Панчевски е извршен незаконски и дека наредбата врз која е извршен претресот е незаконска.

https://www.youtube.com/watch?v=tzwaPo2Jm88