Свет

Втор силен земјотрес во Непал

Втор силен земјотрес во Непал

Силен вторичен потрес го погоди главниот град на Непал, Катманду, чии жители во паника бегаа на отворено.

Потресот бил со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала, на мала длабочина од десет километри, соопшти Американскиот геофизички институт, пренесува МИА.

Најмалку 1.970 лица загинаа во разорниот земјотресот со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала во Непал, а бројот на жртвите и натаму расте, соопштија непалските власти.