Втор викенд „Супер Скопје“, магнет за добра забава во градот

На просторот пред црквата „Свети Спас“ синоќа продолжи забавата која е дел од „Супер Скопје“, каде настапуваат Офкестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц (Студени нозе).

Проектот „Супер Скопје“ се реализира по иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. Главен организатор е Конгресниот центар „Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“.

Согласно одлука на Советот на Град Скопје, деновите кога се одржува „Супер Скопје“, работното време на угостителските објекти е продолжен за еден час.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.