Македонија

Втора хуманитарна велосипедска тура за децата од СОС Детско село

Втора хуманитарна велосипедска тура за децата од СОС Детско село

СОС Детско село денеска ја организира и ќе ја започне втората Хуманитарна велосипедска тура за деца згрижени во Детското село.

– Нашиот младинец Љупчо и неговиот другар Даниел од Бугарија ќе поминат 2.200 километри низ седум балкански земји и ќе возат се до Австрија. И тоа само на велосипеди. Целта им е да ги привлечат вниманието и поддршката на јавноста за работата на СОС детските села, организација под чија закрила обајцата израснаа, велат организаторите.

Нивната конечна дестинација е Имст, Австрија, каде пред повеќе од 60 години е изградено првото СОС Детско село, кое до денес на илјадници деца низ сиот свет им дава топол дом и грижа.

Настанот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт, Велосипедската федерација на Македонија, Град Скопје, Општина Гази Баба и низа донатори и поддржувачи на работата на СОС Детско село Македонија.