Втора медицинска сестра од САД ја победи еболата

Амбер Винсон, медицинска сестра од Далас која беше заразена со вирусот ебола, во вторник ќе учествува на прес – конференција и ќе разговара за нејзиното отпуштање од болница откако тестовите покажале дека е негативна на вирусот.

Дваесет и деветгoдишната Амбер работела како медицинска сестра во Texas Health Presbyterian Hospital во Далас и се грижела за Томас Ерик Данкан од Либерија, кој почина од ебола на 8. октомври.

Семејството на Амбер изјавило дека лекарите во болницата на 22. октомври веќе не го детектирале смртоносниот вирус во нејзиното тело, за што мајка и рекла дека е исполнета молитва.

Винсон е една од двете месдицински сестри кои беа заразени за време на лекувањето на Данкан.

Втората инфицирана медицинска сестра, Нина Пам е пуштена од болница на 24. октомври.

Останува нејасно како овие две медицински сестри биле инфицирани.

Винсон имала контакт со Данкан на 30. септември, денот кога тој бил тестиран и се покажал како позитивен на ебола. Како Пам, така и репортерите забележале дека Винсон носела заштитна облека на телото и лицето, како и специјално заштитни чевли. Тогаш телесните течности на Данкан биле високо инфицирачки доколку некој имал контакт со нив, а Винсон во еден момент му местела катетар на пациентот.