Свет

Втора ноќ немири во Шамбери, четворица приведени

Втора ноќ немири во Шамбери, четворица приведени

Според префектурата од Савоа, синоќа околу 18:30 часот 20 до 30 маскирани лица се собраа на протест во северниот дел на Шамбери, потпалувајќи притоа неколу контејнери и автомобили. Судирите меѓу младите демонстранти и полицијата траеја речиси три часа. Засега нема извештаи за повредени.

– Две или три мали групи на млади луѓе почнаа да предизвикуваат немири и подметнаа пожари, изјави градоначалникот на Шамбери, Мишел Дантан.

Полицијата успеа да ги разбие демонстрантите околу 21:30 часот, по што на пожарникарите им беше овозможено да интервенираат за гасење на пожарите. При интервенцијата на полицијата се уапсени четири лица.