Втора обука за справување со хибридни и сајбер закани

„Справување со современи безбедносни предизвици преку почитување на Меѓународното хуманитарно право:НАТО операциите предводени да се спротивстават на хибридни и сајбер закани“ е насловена денешната втора обука на која присуствуваат експерти од земјава и од повеќе земји во регионот, како и САД, на која се предмет на дискусија се Меѓународното хуманитарно право, справувањето со новите асиметрични закани, областа на кризниот менаџмент и актуелни теми на светско ниво

„Ние по ништо не заостануваме од големите економски помоќни земји, меѓутоа ова се закани кои не можат да бидат предвидени и секогаш како општество треба да градиме институции кои што во секој момент можат да интервенираат во заштита на материјалните добра и човечките ресурси“, нагласи Димитриев, додавајќи оти на денешната обука експертите ќе разменат стручни мислења од оваа област.

Актуелноста на темите, нагласи заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев, ја оправдува инклузивноста на Република Македонија да биде присутна кога се дискутира на овие теми, а со тоа да гради капацитети за справување со овие безбедносни предизвици.

2konferencijaФактот дека хибридните закани претставуваат нов императив за сите безбедносни институции и тоа што на светската сцена се појавија многу актери кои ја загрозуваат безбедноста, а оние што ја чуваат се се помалку, потенцира професорот Методи Хаџи Јанев, координатор на проектот, ја наметнува потребата од посилен ангажман и интерес за хибридните закани.

„Тоа се закани кои ги надминуваат асиметричните закани и доаѓаат не само од недржавни актери, туку и од некои држави што ги мултиплицираат. Македонија, сакајќи да остане на врвот каде што е сега, сака да посвети внимание не само од оперативен и политички аспект, туку и од научен аспект на овие закани“, појасни Хаџи Јанев, додавајќи оти работилницата треба да претставува платформа за развивање натамошни идеи и правци на истражвување на Воената академија, во соработка со сродни институции, меѓу кои и Државниот Универзитет во Аризона, би развивала научно-истражувачки проекти. 3konferencsija

Хибридните закани, појасни тој, им се закануваат на сите држави кои се чувари на светскиот мир, а доаѓаат не само од недржавни актери, групи и поединци, туку и од некои држави кои ги користат овие актери за да остварат одредени свои цели. Според Хаџи Јанев, такви сценарија видовме во Сирија, во Украина, а допрва, констатира, такви сценарија ќе гледаме во светските конфликти. Истакна дека хибридните закани се многу тешки за справување со конвенционалните методи за справување, меѓу другото што меѓународното право не ги дефинира тие сили, затоа што не се претставници на ниту една држава, делуваат глобално и имаат капацитет да ги загрозат државите, па дури и безбедноста во цели региони.