Втора победа на младите македонски ракометари на СП во Алжир

Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија ја оствари и втората победа на Светското првенство за играчи до 21 година кое се одржува во Алжир, откако со беа доминантни во дуелот со ракометарите од Буркина Фасо и славеа со 28 голови разлика 48-20 полувреме 23:8.

Најефикасен во македонската репрезентација беше Димитар Димитриоски со 8 гола, Дарио Петровски беше постигна 7, а по 6 гола придодадоа Иван Џонов и Давор Палевски.

Во другите два натпревари од 2-то коло на Ц групата кои беа одиграни претходно Бразил го победи Тунис со 36:29, а Шпанија славеше против Русија со 31:26.

По првите две кола, Македонија и Шпанија имаат максимален учинок и се на првите две места во групата со по четири бода.

Во петок на програмата се дуелите од 3-то коло во кои Македонија за противник ќе ја има селекцијата на Тунис во мечот кој ќе започне од 19 часот, а во другите две средби ќе играат Бразил – Русија и Шпанија – Букина Фасо.

Првите четири места во групата носат пласман во осминафиналната рунда, што значи дека Македонија веќе е пласирана за следната рунда и на претстојните натпревари младите ракометари ќе играат за престиж и полесен противник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.