Втора полуфинална вечер на Евровизија

Во виенската сала „Штатхале“ вечерва се одржува второто евровизиско полуфинале, кога 17 земји ќе се борат за преостанатите 10 места во финалниот натпревар в сабота.

Пред публиката ќе настапат претставниците на Литванија, Ирска, Сан Марино, Црна Гора, Малта, Норвешка, Португалија, Чешка, Израел, Летонија, Азербејџан, Исланд, Шведска, Швајцарија, Кипар, Словенија и Полска.

Стручното жири и публиката, како и во првото полуфинале, ќе имаат можност да ги изберат десетте учесници кои ќе се пласираат во финале, каде досега учество изборија Албанија, Ерменија, Русија, Романија, Унгарија, Грција, Естонија, Грузија, Белгија и Србија.