Втора шанса за ракометарите за остварување на олимпискиот сон

Ракометарите вечерва ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Тунис. Лазаров и другарите немаат право на грешка, пораз од Тунис значи збогување со олимпискиот сон.

Впечатокот по вчерашниот поразот на македонската ракометна репрезентација на првиот меч од квалификациите за пласман на олимписките игри во Рио може да биде поправен денеска на мечот против Тунис, пренесе МИА.

Вториот најсилен африкански ракометен тим во моментов со кого играме денеска во 18 часот во Гдањск дојде со променет состав, со нов селектор и не би требало да биде непремостилва пречка на патот до Рио.

Лазаров и другарите немаат право на грешка, пораз од Тунис значи збогување со олимпискиот сон. Капитенот на потенцијалниот олимписки состав е уверен дека и покрај агресивниот пристап на Тунис денеска Македонските навивачи ќе се радуваат а утре со Чиле ќе биде ставен печат на учеството на олимписките игри, први на за некоја македонска репрезентација.

Секекторот на ракометарите Обрван не сака да го потцени Тунис, но смета дека африканскиот вицешампион е далеку од квалитетот кој што го имаат Пољаците.

Тунис сепак не  е репрезентација со квалитет како  Полјаците. Ги гледавме денеска, знаеме дека не покажаа се што знаат. Ги анализиравме и нивните претходни настапи. Уште пред доаѓањето овде посакувавме победи над Тунис и Чиле за пласман на ОИ, верувам дека имаме квалитет, дека сме подобра репрезентација од овие два ривали и сега ќе треба тоа да го покажеме на терен, изјави вчера  хрватскиот стручњак кој рече дека за остварување на целта доволни се две победи против Тунис денеска и угре против Чиле, најслабата екипа на турнирот во Гдањск.

Македонската репрезентација на северот на Полска ја бодрат околу 300 навивачи кои иако се разочарани од поразот против Полска уверени се дека денеска против Тунис  се ќе дојде на свое место.

И македонските ракометари и македонските навивачи заслужуваат да се најдеме на Олимпискиот ракометен турнир, вели гостиварчанецот Мирослав Попоски, страсен навивач на сите македонски спортски селекции каде и да играат.

Олимпискиот сон е на дофат, ние сме тука да им помогнеме на Лазаров, Борко, Миркуловски и другите да им помогнеме на патот кон остварување на нивниот и нашиот сон. Затоа што оваа генерација ракометари заслужува, за се она што ни го подари последниве десетина години да се најде на олимпискиот турнир, вели Попоски кој најавува жестока поддршка од „фалангата“ од трибините на „Ерго арената“ во Гдањск.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.