Втора средба на Комората на сметководители на Македонија

Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), одржа работна средба, на која присуствуваа над 30 сметководствени компании од општините Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово. Бизнис средбата е во насока на подобрување на условите за работа на сметководствените бироа, како дел од активностите на Комората на сметководители при ССК, низ градовите во Република Македонија.

„На средбата, дискутиравме за работата на компаниите, проблемите со кои се соочуваат и можностите за нивното надминување. Целта на сметководствените бироа е да нудат современи и квалитетни услуги, како и да се прилагодуваат кон потребите на клиентите. Преку бизнис настаните кои започнавме да ги организираме во општините во нашата земја, сакаме уште повеќе и на терен да се доближиме до компаниите. Сето ова, веруваме дека ќе придонесе и за поголемо вмрежување и зајакнување на членството на ССК, бидејќи на тој начин здружени во комора институционално ќе ги адресираме нашите барања во насока на подобрување на ликвидноста на компаниите и секојдневното работење на сметководствените бироа“, изјави Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители и потпретседател за финансии во ССК.

Smetkovodstvena komora - SSK

Ова е втора средба која ја организира Комората на сметководители на Македонија, низ градовите во земјата во насока на активно вклучување на сметководствените бироа во работата на комората. Сметководствената комората ќе одржи вакви средби и во Битола, Кичево, Куманово, Велес, Тетово како и во други градови во Република Македонија.