сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 10

Втора жртва во Охридското Езеро за само десетина дена

ohrid-davenik-640x363

Последни вести

Возрасно лице попладнево се удави во водите на Охридското Езеро на плажата „Фиеста“ во населбата „Свети Стефан“.

Според првичните информации, станува збор за лице на возраст од околу 80 години, пациент на Кардиолошкиот завод во Охрид, кое имало здравствени проблеми.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски и повеќе детали најави по целосно завршување на увидот.

Ова е втора жртва во Охридското Ееро, оваа сезона. Пред десеттина дена момче се удави во близина на „Машка плажа“ во Струга.

Најчитани вести