Втората група насилници против пресудата за „Монструм“ седна на обвинителната клупа

Седум од вкупно десет обвинети за насилствата од протестите против пресудата за Монструм денеска седнаа на обвинителна клупа. Сите по барање на обвинителството се бранат од слобода. Судењето се одложи бидејќи тројца не дојдоа на главниот претрес, пренесе Алфа.

Тие протестирајќи за доживотните казни на монструмите, го каменуваа судот и нападнаа полицајци.

Претходно една група од шестмина обвинети за учество во насилните протести за Монструм судот ги прогласи за виновни и ги осуди на максимална затворска казна од три години.

Одбраната на втората група обвинети ќе бара изземање на скопскиот кривичен суд бидејќи во случајот е оштетена страна, па адвокатите се сомневаат на пристрасност во постапката, пренесе Алфа.

-,Излегува онаа народната „кадија те тужи кадија те суди“ -изјави адвокатот Насер Рауфи.

По протестите судот пресмета штета во висина од 27 илјади евра. Полицајци завршија со потрес на мозок, скршена нога и нос од камења и бекатон плочки. Против пресудата за Монструм се протестираше повеќе од месец дена.

Во меѓувреме адвокатите ја обжалија пресудата од 180 страници за терористичкиот чин на Смиљковското езеро каде убиени беа 5 Македонци.

Адвокатите на осудените во Монструм ја подржуваат идејата FBI да се вклучи во процесот.

Сега се чека апелацискиот суд да закаже јавна седница. Судскиот случај Монструм го мониторира и меѓународниот фактор во земјава.