Втората недела од декември, Скопјани ќе се радуваат на снег

Втората недела од декември треба да го донесе снегот во Скопје. Ако може да им се верува на долгорочните временски прогнози, во периодот од 8 до 10 декември се најавуваат врнежи на дожд и снег и максимални температури под нулата, што ќе создадат услви да се задржи снежна покривка.

Според овие прогнози, вистинската зима се очекува на средината од декември кога температураа нема да се искачи над 2 степени целзиусови.

Намалување на дневните температури се очекува од средината на идната недела кога дневниот максимум нема да надмине 4 степени.