Втората рунда преговори во Брисел завршија – разговорите ќе продолжат

Втората рунда од преговорите меѓу претставниците на владеачката партија ВМРО – ДПМНЕ и најголемата опозициона партија СДСМ, со посредство на тројцата членови на европскиот парламент заврши денеска во Брисел без конкретен договор.

Во соопштението од европските посредници, членовите на европскиот парламент, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан , единствено се наведува дека сите учесници на состанокот во Брисел се договориле дека разговорите треба да продолжат.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.