Вториот напаѓач во Анкара е турски државјанин поврзан со ПКК

Турски државјанин, поврзан со Курдската работничка партија (ПКК) е вториот осомничен извршител на бомбашкиот напад извршен вчера во Анкара, во кој загинаа 37 лица.

Досега никој не ја презел одговорноста за нападот.

Владата соопшти дека ќе идентификува кој стои зад нападот, откако ќе заврши истрагата.

Извори од силите за безбедност претходно соопштија дека вториот осомничен е жена, која се приклучила кон ПКК пред неколку години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.