Вториот земјотрес денеска со јачина од 3,7 степени

Во 14.19 часот повторно земјотрес го стресе Скопје со јачина од 3,7 степени.

Епицентарот на земјотресот е на 1 км од Црешево, односно 4 км северозападно од Арачиново на 9 км од Скопје.

Првиот земјотрес денеска беше во 11.50 часот, со епицентар на 5 километри од скопско Арачиново. Според Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), вчера во Скопје и во околината се измерени вкупно девет потреси. Најсилниот бил во 15.10 часот, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.