До вторник стабилно и суво, од среда со услови за снег

Стабилно и суво време не очекува до вторник, а во среда ќе настапи извесна промена на времето. Ден пред Нова Година не очекува постудено време со услови за локални врнежи од дожд и снег.

Денес сончево со мала локална облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне се уште ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе ги намали условите за појава на магла по котлините.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од девет до 15 степени.

До вторник стабилно и суво, од среда со услови за снег
До вторник стабилно и суво, од среда со услови за снег

Во Скопје слично време, со утринска слаба магла, а преку денот ќе биде претежно сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Од среда промена на времето

До вторник ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла и ниска облачност особено претпладнето. Извесна промена на времето се очекува од среда кога ќе биде постудено и ќе има услови за локални врнежи од дожд и снег.