Второ пријавување од јунскиот рок за упис во средните училишта

Во средните училишта денеска се спроведува второто пријавување од јунскиот уписен рок за запишување  ученици во прва година во учебната 2016/2017 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 6 јули.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 24 август, а објавувањето на резултатите и слободните места е следниот ден (25 август).

Училиштата кои во двата уписни рока нема да ги пополнат местата утврдени со Конкурсот што го објави Министерството за образование и наука ќе продолжат со запишување ученици до 31 август.