Македонија

Второ прскање против комарци во Скопје

Второ прскање против комарци во Скопје

На 25 – ти и 26 – ти овој месец второ авионско прскање против комарци во Скопје.

Прскањето ќе биде во период од 05.00 до 11.00 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта,  канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.