Второ рочиште за двојното убиство кај „Импeратор“ во Охрид

Второ рочиште за двојното убиство кај „Имепратор“ во Охрид
Второ рочиште за двојното убиство кај „Имепратор“ во Охрид

Денеска треба да се одржи второто рочиште од судскиот процес за двојното убиство што минатата година се случи пред угостителскиот објект „Император“ во Охрид.

Главниот осомничен Бојан П. (31), жител на Охрид, на првото појавување пред Судот на 1 овој месец се изјасни невин по однос обвиненијата што го товарат дека ладнокрвно извршил двојно убиство и за неовластена употреба и чување на огнено оружје и распрскувачки материјали.

Второобвинетиот во случајот Ристе С. (31) кој се товари за помагање на сторител по извршено кривично дело, исто така на првото рочиште се изјасни за невин по однос на обвинението.

Главниот претрес по случајот денеска треба да продолжи со исказ на сведоци на настанот и изнесување докази.

Двојното убиство се случи на 22 август минатата година, во ресторанот на угостителскиот објект „Император“ на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид, кога со огнено оружје смртно беа застрелани сопственикот на ресторанот Васил Ристески (56) и лицето Ромео Ѓузелоски (38), и двајцата жители на Охрид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.