Вучиќ бесен: Енергетски профитери се обидуваат да заработат на маката на Србија

ЕФТ, компанијата за трговија со електрична енергија, која е во сопственост на бизнисменот Вук Хамовиќ, на повик на Електростопанство на Србија (ЕПС) да обезбеди евтин увоз на струја поради намалениот капацитет понудила трипати повисока цена отколку што тоа го направи Република Српска и Црна Гора. Ваквиот потег на ЕФТ и неговото раководство, го разбесни српскиот премиер Александар Вучиќ.

Српски „Курир“ повикувајќи се на владини извори објавува дека Вучиќ во критиката кон домашните трговците со струга на вчерашната седница на кризниот штаб мислел токму на Вук Хамовиќ и неговиот ЕФТ.

„За оние кои ни продаваат струга по 80 евра, иако од Република Српска и Црна Гора ја добиваме за 30 евра, ќе зборуваме кога ова ќе се заврши. За тоа ќе зборуваме потоа, како и за одговорноста, но ова ќе им го паметиме“, вели Вучиќ.

vuk-hamovicЕФТ се огласила преку соопштение во кое потврдуваат дека нивната белградска канцеларија минатата недела контактирала со ЕПС. Тие наведуваат и дека цената која ја споменувале ја дале како индикација за хавариска енергија во регионот и можноста ЕФТ да обезбеди енергија со раскинување на постоечкиот договор.

Веднаш по објавувањето на информациите дека ЕФТ се обидува да профитира на маката на српските граѓаните од компанијата го смениле ставот и ветиле помош за загрозените.

„ЕФТ на сметката на Владата ќе донира 100 илјади евра, а на ЕПС им нудиме, без било каков надомест да ги користи сите расположливи капацитети на ЕФП, што им овозможува пристап до разни европски берзи, пред се’ во Унгарија и Романија, со кои инаку ЕПС не располага“, се наведува во соопштението од компанијата.

Компанијата ЕФТ работи и во Македонија и беше еден од најголемите увозници на струја за македонскиот пазар.
Инаку, Македонија како дел од хуманитарната помош за регионот во Србија погодени од катастрофалните поплави преку Електрани на Македонија на секој час испраќа и 80 мегавати електрична енергија.