Вучиќ: Без регионална безбедност нема економски реформи

Односите меѓу Белград и Приштина не претставуваат најголема опасност за регионалната безбедност, изјави денеска во Цирих српскиот премиер Александар Вучиќ, истакнувајќи дека за него еден од најголемите стравови претставува ситуацијата во БиХ, пишува МИА

– Без регионална безбедност не би можеле да оствариме економски реформи – рече Вучиќ пред бизнис форумот во Цирих.

Според него, дијалогот меѓу Србија и БиХ е од стратешко значење за Србија и Западен Балкан. Вучиќ додаде дека Србија направила многу за изградба добри односи со Црна Гора и Македонија.

Според него, Србија ја променила „стратегијата и тактиката“, за што доказ е и неговата неодамнешна посета на Албанија, како и посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Србија.