Балкан

Вучиќ: Целта на албанските екстремисти беше да се понижат Србите

Вучиќ: Целта на албанските екстремисти беше да се понижат Србите

Вчерашните инциденти на фудбалскиот натпревар помеѓу Србија и Албанија српскиот премиер Александар Вучиќ ги оцени како организирана акција со цел да се наруши стабилноста во Србија и во целиот регион.

– Намерата на албанските екстремисти беше Србија да се претстави како нетрпелива земја кон различностите и да се понижат сите нејзини граѓани, изјави српскиот премиер.

Тој додава дека се’ уште чека јасен став од Брисел за нечуениот инцидент кој според него е политички инспириран.

– Чекам реакција од ЕУ чии претставници три часа пред мечот ги известив дека Албанците подготвуваат  провокации и тежок инцидент, огорчено констатирал Вучиќ.