Вучиќ чека официјален повик од Изетбеговиќ

Претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ се уште не добил официјален повик од претседателот на Претседателството на Босна и Херецеговина, Бакир Изетбеговиќ да го посети Сараево и да учевствува на меѓународната инвестициска конференција во тој град, пишува Денес.

„Кога ќе добиеме официјален повик од Изетбеговиќ, со задоволство ќе одговориме на повикот,“ изјавија за српските медиуми од кабинетот на српскиот премиер на прашањето кога Вучиќ планира да отиде во официјална посета на Сараево.

Изетбеговиќ во понеделникот изјави дека упатил повик до премиерот на Србија да учевствува на Петтата меѓународна инвестициска конференција „Сараево бизнис форум“ која се одржува на 14 и 15 мај во Сараево.

Изетбеговиќ изјави дека се надева дека Вучиќ ќе го прифати повикот, бидејќи како што вели тоа би била добра прилика да се разговара за унапредување на економската соработка и заеднички проекти за економско заздравување и развој на двете држави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.