Вучиќ: Членството на Србија во ЕУ во 2020 година е тешка, но остварлива цел

Членството на Србија во Европската унија, во 2020 година е тешка, но остварлива цел, изјавил српскиот вицепремиер Александар Вучиќ, пренесе српското електронско издание „Прес онлајн“.

Според Вучиќ економските реформи се приоритет во следната година, додавајќи дека верува оти може преговорите со ЕУ да бидат завршени во 2020 година, ако земјата ги реализира неопходните реформи. Започнување на преговори со ЕУ, Вучиќ ги определил како најголемо достигнување на земјата за 2013 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.