Вучиќ денес во Москва со Медведев

Премиерот на Србија, АЛександар Вучиќ денес ќе се сретне со рускиот премиер Дмитриј Медведев во рамки на дводневната посета на Москва, пренесоа српските медиуми.  Во текот на посетата тој ќе се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин.

Теми на разговор ќе биде билатералната соработка и важните меѓународни теми. Сите се согласни дека „Јужен тек“ ќе биде една од главните теми на разговорите, а неизбежни теми ќе бидат и Украина, претседавањето на Србија со ОБСЕ, долговите, инвестициите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.