Вучиќ денеска на гости кај Груевски

Премиерите на Македонија и Србија, Никола Груевски и Александар Вучиќ, денеска во Владата на Република Македонија ќе одржат заедничка седница.

Имено, според агендата предвидено е за 20-тина минути во Владата на Македонја да пристигне српската делегација.

Потоа е закажана средба на двајцата премиери, како и поединечни средби на ресорните министри од двете Влади.

Околу пладне е планирано да започне билатералната седница, а потоа и да бидат потпишани неколку договори за меѓусебна соработка.