Вучиќ: До 2020 година Србија ќе стане полноправна членка на ЕУ

До 2020 година Србија ќе стане полноправна членка на Европската унија, изјавил српскиот вицепремиер и лидер на Напредната партија, Александар Вучиќ, објави српскиот весникот „Вечерње новости“.

Според Вучиќ целта на Белград е преговорите да завршат до 2018 година, а во 2020 земјата да стане полноправна членка на Унијата.

„Нашата цел е се’ да заврши до 2018 година, а потоа веќе не зависи од нас дали ќе ни дозволат пристап до 2020 година“, изјавил Вучиќ.