Вучиќ: Доста е кукање, време е да се работи

Српскиот премиер, Александар Вучиќ, во интервју за српски Курир зборува за реконструкција на Владата, министрите кои покажале неверојатни резултатит, ни и причините зоште ќе ја преиспитува својата досегашна работа.

Тој во интервјуто открива, како што самиот вели, која е крупната стратешка грешка која ја направил и зошто никој од Владата не се осудува да зборува за критиките на претседателот Томислав Николиќ.

Премиерот Вучиќ, најавува и дека Србија е на чекор до договор за продажбата на „Железара“.

„Кај нас културата со жалопојки и беди е присутна низ целата историја. Кажете миу една година во која Србите не кукале дека не им е добро. Претседателот Николиќ има право да зборува што сака, а нашата работа во Владата е да ги трпиме критиките на сите граѓани, посебно од претседателот и главно на ќутиме“, вели премиерот.