Вучиќ ги стартува преговори за формирање Влада

Лидерот на Српската напредна партија, Александар Вучиќ ги почнува консултации со потенцијата коалициони партнери за формирање на Влада, јавува Б92.

Први на списокот за преговори се Сојузот на Унгарци од Војводина. Лидерот на Сојузот на Унгарците од Војводина, Ишван Пастор претходно изјави дека се подготвени да учествуваат во новата власт. Во вторник се очекува Вучиќ да разговара со Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ.

На изборите на 16-ти март освои 48,34 отсто од гласовите и доби 158 пратенички мандати во 250-члениот парламент.