Вучиќ: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина, но без санкции кон Русија

Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина, но нема да воведе санкции против Русија, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата со премиерот на Франција во Париз, Мануел Валс, пренесоа медиумите.

„Нашиот став не е сосема неутрален. Ние решително ја поддржуваме идејата за територијалниот интегритет на Украина и на тој фактор му придаваме големо значење“, нагласил тој.

„Единствената разлика меѓу ставот на Србија и на земјите-членки на Европската унија е тоа што ние нема да воведеме санкции против Русија“, додал Вучиќ како одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата со Валс.