Вучиќ го покани Ципрас да ја покани Србија

Претседателот на владата на Србија, Александар Вучиќ го покани својот грчки колега Алексис Ципрас да го посети Белград и очекува дека Србија ќе биде првата земја што тој ќе ја посети на Балканот, пишуваат српските медиуми.

– Разговарав со Ципрас на телефон и го повикав да дојде во Белград. Очекувам дека Србија ќе биде првата земја што тој ќе ја посети на Балканот. Ќе му приредиме величествен дочек, тој е голем пријател на Србија, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија ќе го развива тоа политичко пријателство без разлика на различните ставови за економските мерки.

фото: Tanjug

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.