Балкан

Вучиќ: Граѓаните што ќе летуваат во Србија може да сметаат на даночни олеснувања

Вучиќ: Граѓаните што ќе летуваат во Србија може да сметаат на даночни олеснувања

Граѓаните на Србија кои ќе летуваат во својата земја ќе може да сметаат на даночни олеснувања. Ова во изјава за „Блиц“ го посочи српскиот премир Александар Вучиќ.

Кампањата на српската влада под мотото „Моја Србија“ ќе биде промовирана од премиерот Александар Вучиќ. Цел на оваа кампања е заинтересираните домашни туристи барем дел од својот одмор да минат во татковината.

– Подготвуваме конкретни предлози врз основа на искуства на други држави. Идејата е граѓаните кои ќе го минат одморот во татковината да добијат ваучери со износи за кои ќе им бидат намалени даночните обврски. Граѓаните само ќе треба да приложат фискални сметки од објекти во Србија каде биле на одмор, изјави српскиот премиер.

Според неофицијални проценки српските туристи годишно во странство трошат околу 1,2 милијарди евра.