Вучиќ и Мустафа добија повик за дијалог од Брисел

Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини ги повика премиерите на Србија и Косово во понеделник, на деветти февруари во Брисел на нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина.

Дијалогот за нормализација на односите на Белград и Приштина на високо политичко ниво ќе продолжи во понеделник во Брисел по долгата пауза, изјавила Маја Коцијанчиќ, портпарол на високата претставничка на ЕУ за надворена политика и безбедност.

-Високата претставничка ќе посредува во разговорот меѓу српскиот премиер, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Иса Мустафа, навела Коцијанчиќ во соопштението за медиумите.

Таа навела дека на дневен ред ќе биде утврдувањето на напредокот во спроведувањето на Бриселскиот договор и размена на мислењата за следните чекори во процесот на нормализација.

Коцијанчиќ потсетила дека тоа е прва рунда на дијалог на високо ниво од април минатата година, откако и во Србија и на Косово се одржани избори, кои донеле до промени на шефовите на делегациите.

Ова ќе биде прва средба на Вучиќ и Мустафа во Брисел и прв пат состанок ќе биде под покровителство на Могерини.