Вучиќ изненаден од тоа што Унгарија ќе гради ѕид на границата

Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа изјави дека е изненаден и шокиран од најавата дека Унгарија ќе изгради ѕид долж српско-унгарската граница поради проблемите со мигрантите, нагласувајќи дека тоа нема да биде решение, бидејќи Србија не е виновна за тој проблем.

Вучиќ истакна дека ќе разговара со унгарскиот премиер Виктор Орбан и европските претставници и очекува да добие логични одговори, додавајќи дека тоа пред се е прашање на ЕУ, бидејќи Србија е транзитна земја.

– Никој не може да и каже ништо на Србија. Таа не е виновна ниту за кризата во Сирија, ниту за судирите со Исламска држава, ниту за Курдите. Србија е само транзитна земја. Мигрантите не влегле низ Србија, туку од територија на ЕУ, низ Бугарија и Грција, истакна Вучиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.